По добиеното известување од ЕВН, Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, известува дека денеска и утре без електрична енергија ќе остане дел од Општина Kисела Вода и Општина Карпош. Како причинител се наведуваат технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.
Денеска без електрична енергија од 09:00 до 11:30 часот, ќе останат корисниците од ул. Борис Трајковски крак бр. 1 и бр. 7. (Општина Kисела Вода) и од 14:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. Димо Хаџи Димов куќни броеви од бр. 40 до бр. 68.(Општина Кисела Вода).