Кисела Вода за првпат ќе добие затворен пазар

Во постапка сме на распишување на тендерска постапка за изградба на модерен затворен пазар, прв од ваков тип на територија на општина Кисела Вода, објави денеска градоначалник на оваа скопска општина Орце Ѓорѓиевски.

Во објавата на неговиот профил на Фејсбук тој наведе дека пазарот ќе се гради на местото каде функционираше див пазар со субстандардни услови, без водоводна и санитарна инфраструктура, кој го избегнуваа и жителите на општината и самите пазарџии кои бараа поквалитетен простор за пласман на своите производи.

-Објектот кој ќе се протега на површина од 25.000 метри квадратни, на жителите на општина Кисела Вода ќе им обезбеди пристојно место за набавка на свежо овошје и зеленчук и простор кој освен што ќе ги исполнува сите стандарди, ќе биде и квалитетно естетско решение за овој дел од Кисела Вода, каде во непосредна близина се лоцирани паркот ,,Македонија” и Домот на култура ,,Билјана Беличанец”, објасни градоначалникот.

Затворен модерен пазар во периодот што следува ќе добие и Драчево.

 

Претходна вестПoстумни одликувања од Пендаровски за Крсте Црвенковски и Невена Георгиева – Дуња и медали за храброст за борци од НОБ
Следна вест26-годишник си шетал низ скопски трговски центар со пиштол и куршуми