Ќе ги снема ударните дупки: Започна санација на ул. “Вера Јоциќ” во Кисела Вода

Започна санацијата на кракот на улица “Вера Јоциќ” во скопската општина Кисела Вода. Санацијата опфаќа 5300 квадратни метри и по нејзиното завршување ќе обезбеди безбеден и комфорен сообраќај долж целата улица, вклучително со двата нејзини краци.

-Со овој градежен зафат го подобрува паркирањето во овој дел од населбата „Цветан Димов“, бидејќи покрај асфалтирањето, на десната страна од оваа улица ќе бидат отворени џебови за паркирање, додека левата страна ќе биде пешачка зона одделена со столпчиња. Се работи за надминување на проблем на кој жителите долго време се жалеа, бидејќи коловозот беше многу оштетен, а тротоарите беа целосно окупирани со паркирани возила, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Во наредниот период Општина Кисела Вода ќе продолжи со санација на најфреквентните улици во населбата „Цветан Димов“, додека паралелно се прави подобрување на патната инфраструктура во населбата Припор.

Претходна вестУапсена скопјанка барана со потерница
Следна вестЈа истепала и земала пари па завршила во станица