Граѓаните на Македонија на изборите јасно покажаа на повеќето политичките актери дека се многу незадоволни од нивното работење. Некои партии дури беа и жестоко казнети на гласањето.
Но, пораката е и до сите други, особено онаа порака која ја пратија граѓаните кои не излегоа на гласање или пак гласаа, а всушност го поништуваа гласачкото ливче. Таквите ги имаше најмногу до сега.
Ова веќе не е апатија, туку еден вид на отпор кон политичари кои само редат празни ветувања и не работат за доброто на Македонија.
Колку ова ќе биде анализирано во партиите? Всушност, дали овие избори се веќе пресвртница за некои партии и тешко дека ќе опстанат на политичката сцена? Впрочем политичката историја на Македонија кажува дека дури и партии како Демократска Алтернатива на Васил Тупурковски или Либералната партија на Стојан Андов завршија неславно како и ПДП во албанскиот блок. Да не ги споменуваме маргинализираните ЛДП, НСДП, ДОМ, Демократски Сојуз, ДПА, ГРОМ, ВМРО-НП, Обединети за Македонија…
Граѓаните толку силно мавнаа што светла иднина нема ниту некогаш големиот СДСМ.
Од друга страна има граѓански иницијативи кои собираат потписи за формирање на нови партии.
Инаку, сега во Македонија има активни околу 60 партии.
Граѓаните изгледа се решени да ги проретчат, а да формираат замена за нив.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



