Ќе научи ли нешто министерството од учебникот полн со грешки?

Учебникот кој е преполн со грешки сепак нешто не научи. Дека во Македонија никој за ништо не е одговорен, ама има многу „одговорни институти, тела, бироа…“ кои се дебело платени да го оправаат слабиот образовен систем.

Да. Кој е одговорен за лошиот учебник за 5-то оделение? Авторите, рецензентите, Бирото за развој на образованието, Националната комисија за учебници, Министерството за образование, министерот…? Кој? Вака се реди списокот на сите оние кои требало да направат се за учебникот да биде како што треба.

Деновиве гледаме како сите тие покажуваат кон некој друг околу одговорноста. И така во круг… најверојано се чека јавноста да заборави на скандалот.

И на крај, извесно, ќе излезе дека никој не е одговорен. Сите ќе со ги земат хонорарите или платите и ќе тераат понатаму. Министерството само ќе треба да решава што да му прави на учебникот, дали да го повлече или да ги поправа грешките…. И за двете работи ќе побара пак некој за хонорари или за плата да работи. Народот ќе плати.

А сето ова станува можно со оглед на тоа што сега на површина излезе и начинот на којшто кај нас се објавуваат учебниците. Односно, на виделина излезе колку многу фази и разни одговорни тела има за да се дојде до еден учебник. Се има Министерство, се има распишување на тендери за изработка на учебници, комисии, автори, рецензенти, Биро за образование, Национална комисија од 17 члена, па пак Министерството… Цел куп фази, автори и институции низ чии раце треба да помине еден учебник за да учениците добијат квалитетни знаења. Колку скапо чини сето ова ангажирање не е тешко да се пресмета.

Но, проблем е што и толкуте многу фази и контроли на крај не се доволни за да се добие учебник во којшто нема да има погрешни податоци и други грешки. Еден учебник, а се покажаа многу проблеми и пропусти.

Да споменуваме ли дека истите тие се подготвуваат да го реформираат целото образование?

 

Претходна вестНови барикади на северот на Косово, Србите поставија камиони и трактори
Следна вестТетовец лажно пријавил дека во Делчево има бомби