Ќе нема енергетска криза, подготвени сме и работиме тоа да не се случи, вели Мицкоски

19

Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека не треба да стравуваме од енергетска криза со недостиг на гас во државава по санкците од САД и ЕУ кон Русија, бидејќи, како што изјави денеска, Владата е подготвена и работи тоа да не се случи.

На новинарско прашање Мицкоски потенцираше дека и при неодамнешните ремонтни активности на гасоводот не останавме без гас, односно топланите работеа.

– Не, нема да има, подготвени сме, ние ова одамна го антиципиравме и заедно работиме со дел од портфолијата во рамки на Владата за да не се случи тоа. Знаете имаше и ремонтни активности на гасоводот што ги потпишала претходната влада во заминување па не останавме без гас, односно топланите работеа. Сите овие работи ги антиципираме, но нормално е за работи кои се тековно работење на Владата. Не треба да ја оптоваруваме јавноста со такви ситници и нема да има такво нешто, изјави Мицкоски, прашан дали по последните санкции на САД и ЕУ кон Русија треба да стравуваме од нова енергетска криза.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестАко не биде исплатена септемвриската плата, од утре вработените ќе ги блокираат двата влеза на ЈП „Паркови и зеленило“, најави Кашиковски
Следна вестТоневски најави фонтани, подземни контејнери и ново возило за смет во Пробиштип