Ќе се побунат ли Ахмети и Османи за правата на Македонците во Албанија?

Скоро и да нема ден главните фаци во ДУИ да не истакнат колку е важно малцинствата да ги имаат истите права како и мнозинството во една држава. Нивни градоначалници се во многу општини кои се цртаа по нивна желба. И сето тоа велат е за доброто на сите во Македонија.

Добро. Но, дали за истото се залагаат да биде реалност и во соседна Албанија? Еве на пример сега може да го покажат својот голем демократски капацитет. Власта и опозицијата во Албанија се противат да се формираат општините Гора и Голо Брдо кои се населени со македонско население.

Ќе се јават ли во Атина Али Ахмети и Бујар Османи за да прашаат зошто Македонците во Албанија ги немаат правата кои ги имаат Албанците во Македонија? Ќе бараат ли итни средби со официјалните лица во Тирана за да им кажат како е поубаво да се тера демократија и човекови права?

На состојбите кај западниот сосед посочи Васил Стерјовски, претседателот на единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ. Тој рече дека територијалната реформа од 2014 година не ги исполнила обврските кон ова малцинство.

– Во однос на инклузивноста, немаме ниту еден советник од областите на Гора и Голо Брдо во соодветните совети на овие општини. Се бројат на прсти бројот на вработени од областите Гора и Голо Брдо во овие општини. Се надевавме дека со оваа територијална реформа ќе се поправеа оние грешки кои беа направени во 2014 година и ќе се спроведеа меѓународните конвенции за почитување на правата на малцинствата, рече тој.

Оффф, тој ја отвори и омилената тема на Ахмети, Груби и Османи – задолжителните вработувања на малцинствата во општините и администрацијата. Тоа е одличен повод да се истакнат по истата тема и во Тирана.

Ќе го направат ли тоа?

Ако не го направат, ќе ги потсетили ли премиерот Димитар Ковачевски дека треба да го направат? Или пак може Ковачевски лично ќе се јави на албанскиот премиер Еди Рама – кој често биеше шеги со него, значи блиски се, си го имаат муабетот.

Претходна вестСекој петти казнет возач возел без дозвола
Следна вестСе моли крадецот да го врати украдениот полициски компјутер од Блаце