Ќе се подобрува сообраќајниот пристап на граничниот премин Табановце

Ќе се проширува граничниот премин Табановце. Имено, започнуваат градежните инфраструктурни зафати на граничниот премин Табановце за проширување на пристапните сообраќајници од македонска страна што има за цел забрзување на протокот на возила и олеснување на трговијата.

Се очекува од српска страна наскоро да започне сличен инфраструктурен зафат. Планираните активности се во рамки на иницијативата Отворен Балкан и согласно потпишаниот Меморандум помеѓу Владата на Македонија и Владата на Србија, во кој се содржани мерките за забрзување на движењето на возила, луѓе и стоки преку заедничката државна граница.

Градежните зафати се очекува да завршат во првата половина од следниот месец, пред почетокот на туристичката сезона.

Исто така, во периодот што следи ќе започне да се применува и мерката за признавање на потврдите за вагање на товарните возила помеѓу Царинските управи на двете земји, со што ќе се намали времето за спроведување на царинските формалности.

Претходна вестУжас: Прифатила четиринаесетгодишното девојче во својот дом, а потоа го подведувала на вршење полови дејствија
Следна вестПациент нападнал друг пациент во психијатриската болница во Демир Хисар