Организациската директорка на Заводот за физикална медицина и рехабилитација во Скопје, Миранда Шабани ни достави известување со одредени наводи за злоупотреби во Заводот, соопшти денеска Министерството за здравство.
Се додава дека дописот со останатиот доставен материјал ќе се разгледа и ќе се постапи во рамки на законот.
-Што се однесува до мандатот на Шабани, на неа мандатот нема да ѝ се продолжи и ќе се прераспредели на друго работно место, соопштуваат од Министерството за здравство.