Темен режим Режим на светлина

Ќе сториме се да ја оствариме нашата цел, порача Милевски

Во вечерашниот натпревар против Белгија нашата фудбалска репрезентација во Гент ќе им гостува на Белгијците како првопласирана селекција во групата. Благоја Милевски веќе има за што да е горд на овие репрезентативци но главната цел е пласман на Светското првенство 2026.

Иако Белгија е фаворит на групата и на натпреварот Милевски верува дека неговите избраници можат до позитивен резултат.

-Можам да кажам дека сум горд на моите фудбалери, и тоа не само во овие квалификации, туку и во претходните години. Со настапот во Лигата на нации, со овој циклус, со речиси загарантиран плејоф. Тоа е изворот на енергијата што ни е потребна за да се движиме напред. Белгија има неверојатен ростер, тие се и понатаму фаворити во групата, но ние продолжуваме да сонуваме и не очекуваат решавачки натпревари. Ќе сториме се за да ја оствариме нашата цел. Имаме прекрасни момци, кои секогаш го даваат максимумот и се тука за Македонија”, изјави селекторот Милевски.

Македонија има на што да се надева, на добра игра и на добар пристап на натпреварот, а Милевски треба да ги спреми последните исправки пред дуелот.

Натпреварот меѓу Македонија и Белгија во Гент ќе се игра денес со почеток од 20:45.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Времето денес — мирно претпладне, пориви на ветерот попладне долж Повардарието

Сончево време денес, температурата до 22 степени

Следна објава
Израел нападна позиции на Хезболах во предградијата на Бејрут

Хамас објави крај на војната во Појасот Газа