Коалицијата на Макрон во тесно водство на парламентарните избори во Франција

Центристите на францускиот претседател Емануел Макрон се на пат да останат водечка политичка сила во парламентот, но засега не е познато дали ќе имаат и апсолутно мнозинство, покажуваат проценките на излезните анкети од првиот круг на парламентарните избори. По првиот круг од парламентарните избори во Франција, коалицијата на претседателот Макрон е во тесна трка со новиот лев блок Нупес.

Центристичката коалиција Заедно (Ансамбл) на Макрон би можела да освои меѓу 275 и 310 места според анкетата на Ифоп, додека според агенцијата Ипсос би освоил 255 до 295 места, а за апсолутно мнозинство потребни се најмалку 289 места, додаде АФП. Радио Франс Инфо, од своја страна, објави дека центристите на Макрон и левичарскиот сојуз Нупес предводен од лидерот на радикалната левица Жан-Лук Меланшон освоиле по 25,2 отсто од гласовите, а на третото место со 18,9 отсто е десничарската партија Национален собир на Марин Ле Пен.

Kомплицираниот француски изборен систем води до делумно големи разлики меѓу процентуалниот удел и распределбата на местата во парламентот, зашто, на крајот важат само гласовите за победникот во секој изборен круг. Институтите за испитување на јавното мислење сметаат со можноста во вториот круг на изборите идната недела, коалицијата на Макрон да собере многу гласови од избирачите чии претпочитани кандидати не го поминаа првиот изборен круг.

На тој начин таборот на  Макрон  би освоил од 255 до 295 од вкупно 577 места во парламентот, при што за апсолутно мнозинство се потребни 289 седишта. За левичарската алијанса Нупес, без оглед на поволниот исход, се прогнозора да освои само 150 до 210 места. Евентуалната загуба на апсолутното мнозинство ќе го принуди  Макрон на влегување во голем број компромиси, посебно кај планираната реформа на пензискиот систем – тој планира постепено зголемување на возраста за одење во пензија од 62 на 65 години, додека левичарот Меланшон вети дека ќе ја намали на 60 години.

Вториот круг од изборите е закажан за 19 јуни, а потоа ќе се знае дали Макрон ќе го задржи апсолутното мнозинство што ќе му овозможи да ги спроведе реформите што ги вети на почетокот на мај на почетокот на вториот претседателски мандат. Право на глас имаа 48 милиони Французи кои вчера можеа да гласаат за 577 пратеници. Излезноста беше само 47 насто, најмалку во модерната историја.

Фото: ФБ на Емануел Макрон

Претходна вестПретпладне сончево, попладне со можност за пороен дожд
Следна вестМатурантите го полагаат изборниот екстерен испит