Едно лице загина во сообраќајна незгода што се случила вчера рано попладне на подрачјето на општината Центар Жупа.
Полцијата соопшти дека на 16.04.2023 во 13.55 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Елевци – с.Евла, Центар Жупа, патничко возило „фолксваген широко“ со струшки регистарски ознаки, управувано од М.М.(31) од с.Враништа, излетало надвор од коловозот.
-На местото на несреќата починал возачот, а смрт била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Дебар, се наведува во соопштението.