Кога ќе ги видиме ефектите од отворањето на „Лајка“?

Пред некој ден скопскиот градоначалник ја најави „Лајка“ – стационарот за бездомни кучиња, нагласувајќи дека и покрај скептиците неговиот проект успеал, а отворањето ќе било после избори.

Но, прашањето е кога стационарот ќе се стави во полна употреба оти во меѓувреме не престануваат нападите од кучиња- скитници. На денот на изборите, околу 09:50 часот во Полициската станица Аеродром, Б.С.(65) од Скопје пријавила дека на ул.„23 Октомври“ била касната од куче скитник. Истиот ден, во 18:30 часот во Полициската станица Аеродром, Д.Р.(21) од Скопје пријавил дека на ул.„Горно Лисиче“ бил нападнат и каснат.

Колкав капацитет реално ќе има „Лајка“, кога точно ќе стартува, на кој начин ќе се згрижуваат бездомните кучиња уште останува непознато.

Претходна вестУште еден црн ден: 8 пациенти починале од вирусот, 94 се новозаразени
Следна вест„Кино на трева“ продолжува и денеска и утре