Кој е виновен што луѓето се собираат по викенд журки и ги кршат мерките?

Пандемијата не спласнува, напротив… антиковид мерките на македонските власти, не продуцираа намалени бројки на смртност и новозаразени туку се чини онака како што ги спроведуваат – продуцираат неодговорни граѓани. Само за едно деноноќие викендов 24 кавадарчани и струмичани завршија во полициска станица оти организирале журки среде полициски час. И додека надлежните органи се обидуваат спречувањето да го претстават како успех, граѓаните постојано им поставуваат прашања преку социјалните мрежи:

-Не ви е јасно зошто луѓето се собираат? Затоа што самите вие како надлежни органи прво правите погрешни чекори за борбата со ковид-19, оти да ви беа вистински немаше вака да умираат луѓе. Но и затоа што вашите функционери отпатуваа во Дубаи и Мексико во среде криза кога треба како пример да покажат први дека не е добро да се патува, дека тие земји можеби се жариште на нови мутации кои можат да ни ги донесат во Македонија…

-Не утепавте со нелогични мерки кои и самите не си ги почитувате, па си се возите со мотори седнати еден позади друг, без маски без ништо…

-Зошто во полициските билтени нема дека се спречени свадби и собиранки во Тетово, Гостивар…? Вчера во среде скопско Визбегово колона возила одеа на свадба, ја спречивте ли таа?

Секако дека ваквиот тип на собирање на луѓето како во Струмица и Кавадарци нема оправдание и мора да се спречи и санкционира, но присуството на полицијата мора да биде еднакво во цела Македонија. Потребни се повеќе контроли, но и нови мерки очигледно, бидејќи постојните не вродија со плод, а бројот на заразени и починати, постојано расте.

Претходна вестПелистер го доби дербито со Вардар, Шкендија маршира кон титула
Следна вестМакедонскиот поет Митко Гогов на еден од најголемите фестивали на поезија во Колумбија