Темен режим Режим на светлина

Кој ги организира потпалувачите?

Македонија имаше жешко лето исполнето со пожари. Летото привршува – пожарите не престануваат, напротив од шумите се префрлија во Скопје.

Што се случува во земјава? Има ли крај сето ова? Ќе успеат ли државните институции да ги спречат потпалувачите и кој таквите криминалци ги организира?

Сето ова се прашања што јавноста преку социјалните мрежи ги поставува. Граѓаните се гневни, загрижени и помалку исплашени.

„Не ни е потребно само да ги фаќаат пироманите на камера, туку ни треба да ги фатат со лисици и да ги сместат во затвор. За тоа се платени и полицијата и обвинителството“, е сублимат на она што граѓаните го порачуваат.

Од власта уверуваат дека сите сили се вклучени во спречување на идни подметнати пожари. Премиерот Мицкоски дури најави и измени на Законот, каде што подметнување пожар ќе се третира како тероризам.

Од друга страна, како што известуваат од ЦУК, во текот на изминатото деноноќие имало 20 пожари, од кои активни биле кај селото Виниче во Гази Баба, на Кожуф, кај селото Никуштак и во општина Зелениково.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Полицајци, наставничка и пожарникар осомничени за незаконско посредување за побрзо издавање на лични документи

Жена со повреди однесена во Клинички, потоа признала дека била натепана во центарот на Скопје

Следна објава
Јаневска: Најдобрите студенти ќе имаат предност при вработување на универзитетите

(Видео) Онлајн наставата во училиштата во близина на Трубарево се одвива без проблеми