Кој ги сече дрвјата кај „Блаже Конески“ во Аеродром и зошто?

Два дена откако аеродромци реагираа на сечењето на дрвјата позади училиштето Блаже Конески, нема реакција од надлежните, односно објаснување зошто тоа се прави, дали ќе се засадат нови…?

Аеродором важи за една од најзагадените скопски општини, a воедно и една од најбетонските, заради што жителите со години наназад реагираат, протестираат, но безуспешно. Затоа и гневот се разбуди одново кога осамнаа снимките и фотографиите од исечените дрвја. На видеото снимено најверојатно од некој од жителите од околните згради се гледа како со две пили се сечат дрвјата позади училиштето.

-Сечењето дрвја станува секојдневие. Залудни се сите протести, поплаки, реакции, бунтувања на социјални мрежи, пишуваат граѓаните.

Кој ги сече дрвјата и зошто, останува енигма?