Кој го прободе 14-годишникот на среде екскурзија?

Еднодневната екскурзија во околина на Сарај, каде се движел и 14-годишниот ученик, за малку ќе била последното нешто за младиот човек. За среќа трагичниот напад врз него од, во овој момент непознато лице за јавноста, завршил само со повреди, а момчето е добро.
Случајот во полиција го пријавил 61-годишниот наставник Р.А., ама никаде не стои дали е нападнат од соученик, дали е можеби постар човек, кои се можните мотиви и дали евентуално се работи за крвна одмазда?
Во секој случај, која и да е причината лебди отворено прашањето: дали нашите деца се безбедни дури и во училиште?
Одговори нема, а полицијата вели работи на расчистување на случајот.