Кој искористи, искористи – од денеска нови ковид правила во Црна Гора

Црногорската Влада од денеска воведе нови мерки за заштита од ковид-19 со кои ќе се бара доказ за вакцина, негативен тест или потврда за прележан ковид за влез во затворени угостителски објекти.

Според одлуката, мерката ќе биде на сила најмалку до 20 август.

Покрај за затворените делови на рестораните, кафулињата и баровите, мерката се однесува и за влегување во ноќните клубови и дискотеки, како и за присуство на спортски натпревари.

Тоа ќе значи дека посетителите задолжително мора да имаат еден од следните четири докази: сертификат дека се вакцинирани со една или со две дози; негативен ПЦР тест не постар од 72 часа; негатив брз антигенски тест не постар од 48 часа или потврда за прележан ковид.

Еден од овие докази ќе мора да поседуваат и сите вработени во угостителскиот сектор, а сопствените на локалите мора да назначат посебни лица кои ќе го контролираат поседувањето на овие документи.

Одржувањето на фестивали, карневали и слични манифестации кои не може да се контролираат на ограничен простор се забрануваат.

Претходна вестНајмногу гужва на Богородица, се чека еден час, на Ќафасан 30 минути
Следна вестПо маратонската седница за буџетот: ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична за градоначалникот на Гази Баба