Кој ќе ја гушне лузната од откажаниот лифт на ГТЦ?

ГТЦ е објект симбол на Градот. Актуелното градско раководство се фалеше дека го заштитило од барок и од губење на автентичноста. Но, пред три месеци, по силните реакции во јавноста, се запре изградбата на некаков си панорамскиот лифт кај спиралните скали на Градскиот трговски центар.

Поставеното скеле за монтирање на лифотот кој ќе чинеше 95.000 евра се тргна по што се очекуваше дека во првобитната состојба ќе биде доведена и оградата на платото која што беше урната за да се монтира лифтот. Но, тоа не се случи.

Еве три месеци поминаа практично ништо не е средено на овој простор. Бетонската ограда не е „закрпена“ и исфарбана, а ниту долу не е тргната импровизираната ограда за несуденото градилиште. Значи, ништо од сочувувањето на ГТЦ за кое се биеја во гради додека беа опозиција.

Зошто е ваква состојбата треба да одговорат оние кои дале налог да се прави и да се сопре изградбата на лифтот. За сето ова се врати во првобитната состојба не треба многу – да се расчисти просторот и да се поправи оградата. Работа од само неколку дена.

Да не се чека некој нов обид тука сепак да се изгради лифотот или пак нешто друго? Онака, прекуноќ, за да се избегнат реакциите во јавноста… 

А сега и нема кој да го гуште ГТЦ, сега таква иницијатива за спас на трговскиот центар нема. 

Претходна вестСончево и топло со мала попладневна нестабилност
Следна вестТргнете си ги плакатите од улиците!