Изборот за нов гувернер на Народната банка влегува во финална фаза.
Како што објави порталот Фактор, на почетокот на следната недела ќе биде познат кандидатот на претседателката Гордана Силјановска Давкова за нов гувернер на Македонија. Во игра се веќе познати и реномирани имиња. Aктуелната гувернерка Анита Бежоска Ангеловска, поранешните министри за финансии Зоран Ставрески и Трајко Славески, како и Маја Кадиевска Војновиќ од Надзорниот одбор на КИБС.
Фактор наведува дека во анкетите меѓу граѓаните како можен кандидат е споменат и реномираниот професор Борче Треновски.
Следува период на важни консултации и одлуки, изборот е важен, да видиме дали новоизбраниот гувернер ќе обезбеди консензус помеѓу политичките чинители – посебно бидејќи ќе има одговорна задача – стабилност на денарот, контрола на инфлацијата и одржување на довербата во финансискиот систем во следните седум години.
Собранието би требало да гласа на 21 мај.
Повеќе детали на Фактор.мк – клик ТУКА.