Кризата во Ливерпул станува сè подлабока. Тимот на Арне Слот доживеа нов удар – елиминација од Карабао Купот по тежок пораз од 0-3 против Кристал Палас на „Енфилд“. Младата постава на „црвените“ не најде одговор на офанзивата на гостите, а Исмаила Сар со два гола во првото полувреме ја потопи надежта за пласман понатаму.
Слот реши да ротира со составот и да им даде шанса на младите, оставајќи дел од стандардните играчи на клупата. Три тинејџери беа во стартниот тим, а Милош Керкез беше единствениот кој го задржа местото од последниот меч со Брентфорд. Иако на почетокот имаа енергија и борбеност, Ливерпул не создаде вистинска опасност во нападот.
Федерико Киеза беше најзабележлив со неколку обиди, но Валтер Бенитез на голот на Палас беше на висина на задачата. На спротивната страна, Сар двапати казни грешки во одбраната – прво за 0-1, а потоа за 0-2, додека во финишот на натпреварот Јереми Пино го постави конечниот резултат од 0-3.
Работите дополнително се влошија за домаќините кога младиот Амара Нало доби црвен картон, оставајќи го тимот со играч помалку. И покрај обидите на Слот да внесе свежина со замени, Ливерпул не најде решение.
Овој пораз значи крај на настапите во Карабао Купот и уште еден удар за Слот, кој е под сè поголем притисок во својата прва сезона на „Енфилд“. Дел од навивачите сметаат дека минатата сезона успеал благодарение на системот на Клоп, додека оваа, со новите засилувања и сопствени тактики, тимот падна во серија разочарувачки резултати што ја трошат довербата на публиката.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



