Колеги се степале во училиште во Центар

Вработен во училиште во скопската населба Центар пријавил во полиција дека негов колега, обезбедувач во училиштето, физички го нападнал, соопшти полицијата.

– На 09.03.2023 во 14:10 часот во СВР Скопје, Г.К.(46) од Скопје пријавил дека на работното место во основно училиште на подрачје на Центар, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од А.Ф.(40) од Струга, вработен како обезбедување во училиштето“, велат од МВР.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестЗаложничка драма во аптека во Германија
Следна вестМладата фудбалска репрезентација ќе одигра три пријателски натпревари во Анталија