Колкава е инфлацијата? Зависи кој ја пресметува и дали ја штелува…

Инфлацијата ја притиска – истоштува Македонија. Власта скоро секојдневно уверува дека ја скротува. Колкава е сега инфлацијата, и колкава ќе биде до крајот на годината?

На оваа прашање почнаа да се даваат најразлични одговори. Ќе биде помала од ланските 14,3 отсто, ќе биде едноцифрена, ќе биде толку, ќе биде волку… Така деновиве различни прогнози се слушаат и од највисоки државни функционери, но и од банкарите врзано и за глобалните трендови во поширокиот европски регион.

Премиерот Димитар Ковачевски пред неколку дена оптимистички најави дека инфлацијата до крајот на годината ќе биде многу ниска.

-Со сите мерки што ги преземаме, навистина сум оптимист дека ќе успееме да ја сведеме инфлацијата под шест отсто до крајот на годината. Намалувањето на цените на основните прехрамбени продукти дава ефекти. Веќе покажавме дека умееме да ја намалиме дури двојно за само една година, кажа тогаш премиерот.

Ама, за разлика од него Народната банка и нејзината гувернерка вчера излегоа со различна прогноза.

– Со оглед на повисоките годишни стапки од почетокот на годината, просечната инфлација за периодот јануари ‒ октомври изнесува 10,7 проценти. Во натамошниот период се очекува дополнително забавување на просечната инфлација којашто за целата 2023 година би изнесувала околу 9,5 отсто. Инфлацијата и во 2024 година значително ќе се намалува до 3,5 отсто ‒ 4 проценти во просек, нагласи гувернерката Анита Ангеловска – Бежоска.

Прилично различни бројки даваат премиерот Ковачевски и гувернерката Бежоска. Кои параметри ги зема премиерот, а кои гувернерката? Кој подобро пресметува?

А, тек граѓаните ако излезат со своите пресметки гледајќи ги цените во маркетите, на пазарите…

Претходна вест„Вевчански бајки и кошмари“, изложба на фотографии на Александрос Вретакос
Следна вестПриведен 27-годишен охриѓанец, бил агресивен кон поранешната 43-годишна девојка