Градоначалникот Петре Шилегов се пофали дека по барање на граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“, ја преместиле спомен-плочата на Плоштад Македонија – за да имало директен пристап до неа наместо да се газело по треба. ПОставена е кај новиот плочник, свртена кон ресторанот „Пелистер“.
-Ова личи на гробница, како можевте ова да го направите?
-Сега ќе се урива спомен куќата од другата страна? Со овој потег секако ја погребавте!
-Колку чини оваа спомен плоча и чија идеја е? Да му се земе дипломата веднаш!
-Со овие плочки купатило можете да направите, срамота! … се само дел од коментарите на Твитер и Фејсбук.
Последен пат вака негативно реагираа граѓаните кога се посади трева на плоштад, па не можеа да стигнат до плочата.Градот стави привремено решение односно бетонски плочи врз тревата, што потоа предизвика бура од реакции. Брзо потоа плочите беа тргнати.
Пред неколку месеци Град Скопје постави табла и на албански јазик во описот на спомен плочата.