Колку време и е потребно на вештачката интелигенција да ви ја пробие лозинката?

На страницата (Home Security Heroes), можете да внесете лозинка и да добиете проценка колку време ќе и треба на вештачката интелигенција за да ја пробие. Претпоставката се заснова на податоци добиени со истражување.

Користејќи вештачка интелигенција, истражувачкиот тим проби лозинки кои се состојат од четири до седум знаци веднаш или за неколку минути, дури и кога тие имаа комбинација од броеви, големи и мали букви и симболи. Откако внесоа повеќе од 15,6 милиони лозинки во програмата за пробивање (PassGAN) со вештачка интелигенција, тие заклучија дека е можно да се пробијат 51% од едноставните лозинки во временски растојание до една минута.

Сепак, вештачката интелигенција не се снајде толку добро со подолгите лозинки. За лозинка со сите броеви од 18 знаци ќе бидат потребни најмалку 10 месеци за да се пробие, а за лозинка од 18 знаци со бројки, големи и мали букви и симболи би биле потребни шест квинтилиони години (1018).

– Алгоритмите за вештачка интелигенција постојано се тестираат милиони пати за да го стимулираат учењето. Оваа вештачка интелигенција ги предвидува најверојатните следни симболи врз основа на сè што научила. Наместо да бара знаење однадвор, таа се потпира на шаблоните што ги изградила за време на својата обука, велат од истражувачкиот тим.

Некои експерти за сајбер безбедност изразија загриженост, додека други веруваат дека денешните генератори на лозинки се сè понапредни и дека вештачката интелигенција има мали шанси да пробие такви лозинки кои содржат голем број случајни знаци. Некои го гледаат решението во автентикациите без лозинка, како што се читачите на отпечатоци од прсти и скенирањето на лицето.

И, се разбира, забелешка: ако сакате сами да го проверите, не внесувајте лозинки што всушност ги користите.

Претходна вестЕдно девојче убиено во напад со нож во сиропиталиште
Следна вестДеца на покрив на 13-катница, во скопски Капиштец