Комбинацијата на лековите „хлоркинин“ и „азитромицин“ од денеска се применува во Македонија

Денеска почнува користење на нова терапија за болните од корона вирусот. Имено, комбинацијата на лековите „хлоркинин“ и „азитромицин“, која се покажала ефективна во повеќе земји, од денеска ќе се применува за лекување на пациентите во Македонија.

-Комбинацијата ќе биде аплицирана на пациентите кои што се лекуваат кај нас и во болничките и домашни услови по соодветна индикација од лекарот – заради тоа што е потребна прво проценка на клиничката состојба поради тоа што се дава кај одредена група, не кај сите пациенти, информира вчера министерот за здравство, Венко Филипче.

Хлорокинот се користи во третманот за маларија од 1930 години. Сумамед (азитромицин) таблетите, пак, се користат во терапија на инфекции на горните респираторни патишта, долните респираторни патишта, кожата…