Комисија за 10 дена ќе решела што ќе се прави со учебникот полн со грешки

По долги натегања и објаснувања на надлежните што се се случило околу фамозниот учебник кој е преполн со грешки – конечно се најавува разврска. Посебна комисија во рок од десет дена ќе доставела предлог за тоа што да се прави со учебникот по Историја и општество за петто одделение, соопшти денеска Министерството за образование. МОН наведе дека комиисјата прво ќе ја преиспита целата содржина на учебникот.

-Како резултат на увидените грешки во учебникот по историја и општество за петто одделение, целосно оправданите реакции на јавноста и во согласност со дописот од Здружението на историчарите, Министерството за образование и наука и Педагошката служба информираат дека ќе се формира комисија, која ќе ја преиспита целата содржина и ќе даде предлог за соодветни корекции. Комисијата ќе има законски утврден рок од 10 дена за да достави извештај до министерот за образование и наука, а потоа конкретни насоки за постапување ќе бидат испратени до економскиот оператор задолжен за графичко уредување, превод, печатење и дистрибуција на учебникот, се наведува во соопштението.

МОН апелира до надлежните стручни тела и органи, кои се дел од процесите на одобрување учебници, да продолжат да работат на подобрување на содржината на учебниците што се користат во основното и средното образование. Во целиот процес и понатаму ќе биде вклучена јавноста, односно граѓаните, кои имаат можност да доставуваат коментари, сугестии и забелешки за учебниците на електронската адреса [email protected].

Дали ќе се расправа и Околу одговорноста за лошо направениот учебник не е познато.

Претходна вестДојавите за подметнати бомби никако да запрат: Евакуации во „Георги Димитров“,  „Никола Карев“, „Корчагин“, „Панче Караѓозов“…
Следна вестМожно труење на студентите во Пелагонија, АХВ ја затвори кујната