Комисија за заштита од дискриминација ќе изврши увид во клубот „Иван Михајлов“

Увид во документацијата и во просториите на Бугарскиот културен центар „Иван Михајлов“ во Битола ќе изврши денеска на пладне Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. До увидот доаѓа по добиената претставката за заштита од дискриминација поднесена од едно здружение на граѓани против друго здружение, за дискриминаторско и вознемирувачко однесување против по основ на национална и етничка припадност.

Бугарската агенција БГНЕС неодамана објави дека официјален допис за ова бил доставен до претседателот на здружението Лупчо Георгиевски. Во писмото од Комисијата за антидискриминација се вели дека на 4-ти  август ќе се изврши увид во просториите на Центарот за култура и се предупредува дека на службените лица мора да им се овозможи пристап. Во писмото се прецизира дека според Законот за спречување и заштита од дискриминација, Комисијата може да изврши преглед на документацијата и на просториите, како и да бара и собира копии од документи поврзани со конкретен случај и дискриминаторски практики, почитувајќи го правото на приватноста.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација има право да врши и ненајавени увиди но таа сметала дека треба да се најави за да се обезбеди присутност на членови од таа организација. Со тоа ќе им се овозможи да се произјаснат по претставката и да поднесат докази и документи дека не го сториле наведеното дело.

Претходна вестТројца полицајци зеле мито од 2.000 денари за да не наплатат казна од 500 евра
Следна вестДржавен завод за ревизија: Изградбата на инфраструктурни проекти поскапела 40 милиони евра поради “дополнителни и непредвидени работи“