Комисијата предложи задолжителен ПСР тест за граѓани од Србија, Косово, БиX и Црна Гора

Државјани на Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора при влез во нашата земја од утре да имаат задолжителен ПСР тест не постар од 72 часа. Ова е предлог на Комисијата за заразни болести кој денеска ќе биде доставен до Владата за разгледување. Информацијата за ова утрово на својот профил на Фејсбук ја објави Венко Филипче, министер за здравство.

-Препораката на Комисијата е донесена по разгледување на актуелната епидемиолошка состојба во наведените земји и согласно информациите добиени од медицинските власти во овие земји. Оваа препорака, Комисијата ќе ја поднесе до Владата за понатамошно постапување, напиша министерот.

Предлогот доаѓа по зголемувањето на бројот на случaите на заболените од корона вирусот во овие земји. Во моментот, државјани на овие земји македонската граница може да ја поминат без тестови и без карантин од 14 дена.

Претходна вестСончево и топло
Следна вестЧудо: Салата „Партизан“ во Карпош навечер плачела