Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ќе изврши увид во Бугарскиот културен клуб „Иван Михаилов“ во Битола

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација на  Македонија ќе изврши претрес во Бугарскиот културен клуб „Иван Михаилов“ во Битола, објави бугарската агенција БГНЕС.

Официјален допис за ова вчера беше доставен до претседателот на здружението Лупчо Георгиевски. Во писмото од Комисијата за антидискриминација се вели дека на 4-ти  август ќе се изврши увид во просториите на Центарот за култура и се предупредува дека на службените лица мора да им се овозможи пристап. Во писмото се прецизира дека според Законот за спречување и заштита од дискриминација, Комисијата може да изврши преглед на документацијата и на просториите, како и да бара и собира копии од документи поврзани со конкретен случај и дискриминаторски практики, почитувајќи го правото на приватноста.

БГНЕС потсетува дека отворањето на бугарскиот културен центар „Иван Михаилов“ во Битола во април предизвика бран на огорченост „кај македонската политичка елита“, која ја обвини Бугарија за провокација поради несоодветниот избор на името на клубот. Од страна на голем број политичари и претставници на јавноста дури имало повици за суспензија на Договорот за добрососедство и соработка. Притоа БГНЕС го цитира премиерот Димитар Ковачевски, кој на 21 април изјавил дека во рок од неколку денови ќе бидат преземени чекори во врска со регистрацијата на граѓанското здружение „Иван Михаилов“ и отворањето на културниот центар со тоа  име.во Битола.

Неколку месеци подоцна, на 4-ти јуни, пејачот Ламбе Алабаковски ја запали влезната врата на бугарскиот клуб и бил уапсен откако се предал во градската полициска станица, но брзо бил ослободен.

Претходна вест171 санкционирани возачи во Скопје, 42 за брзо возење
Следна вестСашко Кедев го освои и Broad Peak, дванаесетиот највисок врв на светот висок 8.051 метар