Комисијата за заразни болести ќе разговара за повторно воведување режим со границите на Србија и Косово

Можно е превентивно да се затвори границата на Македонија со Косово и Србија. Имено, Министерството за здравство информира дека, со оглед на развојот на ситуацијата со корона вирусот во соседството, Комисијата за заразни болести на утрешниот состанок ќе разговара за евентуално повторно воведување режим со границите на Србија и Косово или затворање на граничните премини со овие земји.

Комисијата за заразни болести активно ја следи епидемиолошката состојба со корона вирусот во регионот и соседните земји и можното враќање на мерките е во насока на превенција од потенцијални ризици по здравјето на населението во Македонија.

Претходна вестКамерата пак го фати крадецот на велосипеди, ама не го фати и полицијата
Следна вестМенувам канал при дебатни емисии со чести соговорници чии ставови ги знаеме на памет