Темно Режим Светло Режим

„Комунална хигиена“ најави акција за миење на контејнерите за ѓубре низ Скопје

Со акција за миење на контејнерите за отпад и локациите каде тие се поставени започнува скопското јавно претпријатие „Комунална хигиена“. Целта е да се задржи високо ниво на хигиена и да се подобри изгледот на јавните површини.

-Покрај тоа, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ вршат и активност за рачно и машинско миење на улиците и булеварите низ сите општини на градот. Овие активности ќе се реализираат со помош на специјализирани автоцистерни, кои ќе се користат за ефикасно чистење на асфалтот и останатите јавни површини. Акцијата ќе се спроведува етапно и редоследно, со цел да се постигне максимална покриеност и квалитет на изведување на работите, информираат од претпријатието.

Претходниот Пост

Вработен во Институтот за јавно здравје ги исклучил коморите со реагенси

Следниот Пост

И утре ќе се издаваат лични документи на пунктовите во МВР