Конечно ден без многу сообраќајки и повредени

Значително помал број на повредени лица но и на сообраќајни прекршоци се забележани вчера на скопските сообраќајници. Од извештајот на полицијата за билансот на инцидентите на булеварите и улиците се гледа дека се случиле само шест сообраќајни несреќи во кои имало полесно повредени четири лица. Тоа е значително помалку од дневните просеци кои се движат над десетина сообраќајки и исто толку повредени лица.

Еден возач е исклучен од сообраќај зашто управувал со возило иако сé уште нема право на тоа додека еден е казнет заради тоа што поминал на црвено светло, а друг не дал првенство на минување на пешаци на обележан пешачkи премин. Еден возач е санкциониран и заради неправилно престигнување.

Од преземените мерки кон пешаци, три се за поминување на црвено светло, а девет за минување улица вон пешачки премин.