Конечно потсреден просторот пред главната Пошта

Нова велосипедска патека, клупи и канти за отпадоци, како и жардиниери со ниско украсно зеленило со сопствен систем за наводнување се новите содржини на уредениот простор пред објектот на главната Пошта во центарот на Скопје. Просторот денеска беше промовиран од страна на претставници на ЈП „Паркови и зеленило“ и скопскиот градоначалник Петре Шилегов кој истакна дека ова е дел од нивните активности за уредување на микро-лоакциите ов градот.

– Работиме на ослободувањето на јавните простори за потребите на пешаците и на велосипедистите, но и на уредување на зеленилото во нашиот град, потенцира градоначалникот.

Тој најави дека очекува до крајот на годинава да бидат уредени 20 слични локации во градот.