Конечно: Пуштена во употреба делницата Крупиште – Кочани

Пуштена во сообраќај е новата делница Крупиште – Кочани од експресниот пат Штип – Кочани долга 13,7 километри. Со оваа инвестиција од над 18 милиони евра, целосно се заокружува изградбата на патот, што се одвиваше во две фази.

На пуштањето во употреба на патот присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски, министрите за транспорт и врски Благој Бочварски и за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, како и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми. Премиерот Ковачевски изрази задоволство од пуштањето во употреба на делницата.

-Завршена е голема работа. Наредната година очекуваме да имаме ушт емногу вакви настани. Ова е значајна инвестиција за целиот источен регион и со која ги потврдуваме заложбите за рамномерен развој на сите региони во земјава. Добивме подобра конеција меѓу Штип и Кочани со која се намали растојанието и се намали потребното време за патување, рече Ковачевски.

Во 2020 година беше пуштена првата фаза од Штип до Крупиште долга 14,3 километри, по што продолжи вотората фаза од Крупиште до Кочани. Лани во март директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми изјави дека ќе биде завршена до крајот на 2021 година но изградбата доцнеше.

 

Претходна вестЖестоки навреди за Салах затоа што се сликаше пред божиќна елка
Следна вестМалолетник нападнал врсник со нож