Конечно се напишани казни за палење стрништа

Koнечно напишани казни за запалени стрништа низ Македонија. Имено, Државниот инспекторат за земјоделство информира дека за време на викендот ги зачестил контролите на терен.

Биле изготвени записници и 34 казни од кои пет барања за прекршочна постапка за сторен прекршок, а констатирана е опожарена површина од околу 250 хектари.

Од инспекторатот информираат дека соработката со општините, како и со полициските единици на МВР е добра, особено во Кочани каде што оваа појава е најзачестена, а сè со цел запирање на загадувањето на воздухот со палењето на стрништа, шуми и друга вегетација.

Нема подетални информации колку од казните се изречени во скопскиот регион.