Конечно, се поставува атмосферска канализација на улица „Радушка“ во Дексион

Општина Ѓорче Петров соопштува дека продолжува со изведба на атмосферската канализација во населбата Дексион. Се работи на изработката на подземната инфраструктура на улица ,,Радушка‘‘ фаза 2 при што се поставуваат цевки Ф-400 во должина од 400 метри на потегот од последна 5-ка до крстосницата кај гробиштата во Ѓорче Петров. Ќе се изведуваат подземни работи во длабочина од 2,4 метри до 1,7 метри.

Со изградбата на оваа мрежа ќе се подобри одведувањето на атмосферските води и ќе се реши деценискиот проблем на жителите во Дексион. За реализација на овој проект општина Ѓорче Петров обезбеди буџет од 2.400.000 денари Претходно, во првата фаза беше изведена должина од 980 метри атмосферска канализациона мрежа на ,,Црногорска‘‘ и на улица ,,Кузман Шапкарев‘‘.

Претходна вестСостојба во ковид-центрите: Вкупно 750 пациенти на болничко лекување, нови 34 во Скопје
Следна вестНемате работа? Може да бидете попишувач, објавен уште еден конкурс