Конечно во Аеродром ќе никне и нов парк, а не само згради

Ќе се прави парк во Аеродром. Имено, најавата од општната е дека Стар Аеродром наскоро ќе биде збогатен со нов парк што ќе се протега покрај улицата „Методија Шаторов-Шарло“.

Според планираното, урбаниот парк кој ќе биде на површина од 3.200 м2, ќе понуди зелени површини, пешачки патеки со клупи, плато со маси и клупи, како и детско игралиште.

Добро е што ќе се прави ова. Особено што во последно време Аеродром се трупа со згради на секое и малку празно место.