Темно Режим Светло Режим

Коњановски најавува подобрување на патната и комуналната инфраструктура кон Копанки

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, за време на посета на осветлената патека за скијање на Копанки го пречека директорот на ЕСМ Молика, Горан Исков. Времето беше ведро и студено, со снег на теренот, но не доволно за скијање. Според Коњановски, во наредните денови се очекуваат нови врнежи од снег.

Градоначалникот го информираше Исков дека Општина Битола е пред реализација на долгоочекуваната пречистителна станица, која ќе ги собира и прочистува сите отпадни води, а ќе се изгради под хотелот во регионот.

„Има ревизија на основниот проект и продолжуваме во насока на негова изградба“, рече Коњановски.

Тој додаде дека патот кој води до Копанки веќе е изграден до Трново во претходниот мандат, а сега се продолжува на делницата Трново–Магарево и до влезот на Националниот парк „Пелистер“.

Исков изрази благодарност до локалната самоуправа за поддршката при издавањето на дозволите за изградба на планинарскиот дом „Копанки“ и за други проекти кои се значајни за развојот на туризмот во потпелистерието.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Двајца кичевчани приведени по напад врз полиција за време на сообраќајна контрола

Следниот Пост

Прилеп лидер во селекцијата на отпад, подготвен за старт на Регионалната депонија