Темен режим Режим на светлина

Коњановски: Обновени 11 улици и ново осветлување во Долно Оризари

Коњановски: Првите 100 дена од новиот мандат се посветени на развој и грижа за граѓаните Коњановски: Првите 100 дена од новиот мандат се посветени на развој и грижа за граѓаните

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, соопшти дека најголем дел од барањата на жителите на Долно Оризари се исполнети, со што значително се подобрени условите за живот и безбедност во ова населено место.

Во рамки на неговиот четиригодишен мандат, целосно се реконструирани 11 улици, поставено е ново улично осветлување на влезот во населбата и изградена е пешачка патека која овозможува побезбедно движење на граѓаните.

Коњановски, кој заедно со жителите и претставници на локалната заедница го промовираше завршувањето на инфраструктурните зафати, нагласи дека се работи за конкретни ветувања што биле дадени уште на почетокот на мандатот:

Барањата на граѓаните се наши обврски. Со обновените улици, осветлениот влез и новата пешачка патека, жителите на Долно Оризари добиваат услови какви што заслужуваат“, рече тој.

Инвестициите, како што најави градоначалникот, се дел од поширока програма за развој на локалната инфраструктура во урбаните и руралните средини на Битола.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Голем пожар кај Струга: Армијата се вклучи во гаснењето од воздух

Пожар рано утрово во сервис за возила пред Пинтија

Следна објава

Ѓорѓиевски: Пироманите кои го трујат Скопје фатени на дело