Концерт на „Ана Кап трио“ во сабота во Филхармонија

Музичкиот состав од Франција „Ана Кап трио“ во сабота на 15 февруари во 20 часот во Камерната сала на Филхармонија премиерно ќе настапи пред македонската публика. На репертоарот е возбуливото „Траума шоу“.

Во ова трио свират Пјер Миле – труба, Мануел Декок – виолина и Жан Мишел Трото – хармоника.
-„Траума шоу“ е вистинско камелеонско, инспиративно патување во кое се комбинираат виртуозна музика, чудесна комедија и дадаистички песни, најавуваат организаторите.