Концерт на „КонТемпора“ вечерва во Музејот на македонска борба

Петчлениот оркестар, или музички познатиот квинтет „КонТемпора“ вечерва приредува концертно уживање за љубителите на звукот на дувачките инструменти, заедно со пијанистката Огненка Герасимовска-Димитровска. Локацијата е Музејот на македонската борба, а време е 20 часот.

Дел од составот се Златка Митева – флејта, Владимир Лазаревски – обоа, Игор Иванов – кларинет, Горан Јанев – хорна и Марјан Милошевски – фагот.

На репертоарот се камерни дела од македонските автори Љубомир Бранѓолица, Стојан Стојков, Валентина Велковска-Трајановска и Вулнет Таири, од бугарскиот композитор Марин Големинов, а посебен акцент во програмата е ставен на грчката композиторка Георгиа Калодики од чиешто творештво квинтетот ќе изведе три композиции.

Концертoт е дел од проектот на Сојузот на композиторите – СОКОМ насловен „Европски и балкански музички мисли“.

Претходна вестЗошто во Зелениково еден месец никој не ја гледа мини депонијата околу контејнер?
Следна вестОблачно време со врнежи од дожд и температура до 11 степени