Концерт на Лума Скриде во Музејот на македонската борба

Вечерва со почеток во 20 часот, во рамките на Деновите на македонска музика, свој концерт ќе одржи пијанистката Лума Скриде.
Според критиката на Bavarian Broadcasting Service, изведбите на Лаума Скриде, која има летонско и германско потекло, се чудесно чувствителни, со прекрасен тонски квалитет и секогаш со врвнa виртуозна кондиција. Комбинирани со брилјантна техника, ова се квалитетите со кои Лаума Скриде ги плени слушателите на големите концертни сали по целиот свет како солист и камерен музичар.
Лаума Скриде, на која во 2008 година ѝ беше доделена наградата „Бетовенов прстен“, е високо-признаена за нејзините интерпретации на германскиот класичен и романтичен репертоар. Таа настапува со оркестри како Велшкиот BBC National Orchestra, Ulster Orchestra, Hungarian National Philharmonic, hr-Sinfonieorchester Frankfurt, Hamburger Symphoniker, Dresdner Philharmonie, Essener Philharmoniker, Bremer Philharmoniker, Philharmonisches Orchester Heidelberg, Tapiola Sinfonietta и Orquesta Filarmónica de Gran Canaria. Соработува со диригенти како Pedro Halffter, Kristjan Järvi, Cornelius Meister, Andris Nelsons, Anu Tali, Muhai Tang, André de Ridder, Peter Ruzicka, John Storgårds, Yan Pascal Tortelier и Xian Zhang. Како многу баран камерен музичар, во 2008 година Лаума Скриде го основала ‘Skride Quartet’ заедно со својата сестра Баиба, Хариет Кријг и Лиз Берто. Оттогаш, квартетот е постојано на турнеи по главните европски сали и фестивали.