Концерт на „Св. Злата Мегленска“ вечерва во МОБ

Вечерва, со почеток во 20.30 минути, во фоајето на Македонска опера и балет, ќе се одржи концерт на хорот „Св. Злата Мегленска“ кој слави јубилеј од 25 години постоење.

Концертот е во рамките на „Есенските музички свечености“ и е насловен „Света Злата слави“.

Диригент е Летка Димовска – Полизова, а ќе учествуваат Влатко Стефановски – гитара, Сања Шуплевска – виолина, Орце Ицковски – фагот – камерен ансамбл „Полифонија“ Давор Јордановски аранжман и клавијатури, Калина Велковска – Кали – вокал, Иван Еминовиќ – пијано.

Претходна вестЌе се видуваат ли скопјани со градоначалниците?
Следна вестПротести против висококатниците во Центар, а се бара и референдум