Концерт со светски познатата виолинистка Баева во четврток во Филхармонија

Љубителите на звуците на виолината, во четврток со почеток во 20 часот во Филхармонија, ќе можат да уживаат во настапот на една од најдобрите светски виолинистки Алена Баева од Русија.

Со оркестарот ќе диригира Конрад ван Алфен од Холандија, а на програмата се Концерт за виолина и оркестар во де-мол, оп. 23 од Роберт Шуман и Симфонијата број 4 од Л.В.Бетовен.

Алена Баева е етаблирана како една од водечките виолинисти на својата генерација, со веќе завидна кариера зад себе и настапи со најдобрите светски оркестри и диригенти како што се: Владимир Федосејев, Пабло Ерас-Касадо, Кшиштоф Пендерецки, Сакари Орамо, Томас Зандерлинг, а особено долга соработка има со Валериј Гергиев и Владимир Јуровски.

Претходна вестБез маска двајца во автомобил -казна, 300 луѓе на погреб- никому ништо
Следна вестМала облачност и магла по котлините