Корона вирусот зема и трета жртва, почина дебарчанката која беше на респиратор

66-годишната пациентка од Дебар која подолго време беше приклучена на респираторна машина е третата жртва на корона вирусот, соопшти на попладневната конференција за печат Венко Филипче, министер за здравство.

-И покрај сите преземени мерки таа почина пред неколку часа. Пациентката имаше историја на хронично заболување  и примаше хронична терапија за хипертензија, објасни министерот.

Таа и нејзиниот сопруг беа дијагностицирани како позитивни на корона вирусот откако во Македонија допатувале од Италија.

Инаку, денеска до 12 часот има 29 новозаболени од корона вирусот.