Косовската претседателка добила смртна закана по електронска пошта

47

Косовската претседателка Вјоса Османи добила порака со заканувачка содржина на електронската пошта на Претседателството, пренесува „Косова прес“.

Информацијата ја потврди и советникот за медиуми на Претседателството, Беким Купина, кој додаде дека оваа закана е една од многуте што претседателската ги добива изминатиот период.

-Што ги обединува сите? Неработењето на правосудните институции, рече тој.

Инаку, пораката на електронската пошта на Претседателството е напишана на нејасен албански јазик.

Испраќачот упатува смртни закани кон Османи, но и зборови со навредлива содржина.

Претходна вестДенес облачно, од среда со попладневен локален пороен дожд
Следна вестОпштина Гази Баба изгради пристапни патеки во Железара и улица во Ченто