Темен режим Режим на светлина

Ковачевски: Ако граѓаните не сакаат, рудник Иловица нема да има

Ако граѓаните не сакаат, рудник Иловица нема да има, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски. Тој најави дека сите информации поврзани со рудникот најпрво ќе бидат доставени до Владата, а потоа министерот за економија Крешник Бектеши ќе ги сподели и со медиумите.

-Вчера вицепремиерот Битиќи на прес-конференција одговори за одлуката што ја донесе Владата, дека Министерството за економија на наредната седница треба да достави детална информација за сите одлуки, судски и управни постапки водени од 2012 година до денес. Врз основа на таа информација потоа ќе се донесат соодветни одулуки за иднината. Притоа ќе мора да се внимава на интересот на граѓаните, јас тоа јасно сум го кажал од првиот ден, дека рудници може да има има само со согласност на граѓаните, ако се против, не може да има. Тоа не беше случај со претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ која имаше издадено 86 дозволи за концесии и општините, предводени исто така од ВМРО-ДПМНЕ, веќе ги имаа донесено одлуките за почеток на работите за отворање на рудниците. Сега тоа не е случај. Значи, кога ќе бидат доставени информациите до Владата, министерот ќе ги сподели со сите медиуми, истакна Ковачевски одговорајќи на новинарско прашање по теренската посета на делницата Градско – Дреново.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Од печат излезе монографијата „Етногенезата на македонскиот народ“ од Лидија Славеска

Следна објава

Полициска акција, претреси кај Гури од ДУИ и кај вработени во даночни институции