Ковачевски ги уверува и странците дека реформата на администрацијата не запира

Јавната администрација за жал е проблем кој и тежи на Македонија со години. Прво, затоа што е преобемна и никако да престане да се полни со партиски кадри. Второ, не е ефикасна и не ги задоволува потребите на граѓаните и стопанството.

Секоја власт до сега не убедуваше дека администацијата ќе се спастри и реформира. Особено гласен околу тоа беше претходниот премиер Зоран Заев, а и сегашниот негов наследник Димитар ковачевски. Годините проаѓаат, но…

Денеска, ново ветување дека се ќе се среди даде Ковачевски. Реформата на јавната администрација му преставувала еден од клучните приоритети.

-Реформата важен предуслов во процесот на европската интеграција на Република Северна Македонија. Таа е опфатена во првиот Кластер, „Основи”, кој  е од суштинско значење за динамиката на преговорите во целина. Токму затоа, ние, како земја која ги почна преговорите со Европската Унија, на овие реформски процеси гледаме како на клучни за развојот и динамиката на процесот на пристапување, порача премиерот Димитар Ковачевски на Министерската конференција на Западен Балкан за реформи во јавната администрација.

Тој ги уверува сите дека иако поради пандемијата Македонија била соочена со големи предизвици „врзани со спроведувањето на Стратегијата за реформа на јавната администрација, сепак, процесот на реформа не запре“.

Кога ли ќе заврши реформата, е прашањето на кое Владата нема одговор.

Претходна вестБрависимо за „Македонисимо“: Симон Трпчевски синоќа покажа која е силата на македонската музика
Следна вестАрсовска праша каде се крие Мицкоски; ВМРО-ДПМНЕ ја праша за тендерот од 136 милиони евра