Ковачевски и Мицкоски лице в лице за францускиот предлог

Денеска во Клубот на пратеници ќе се одржи средба меѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Ова е прва средба на лидерите на двете најголеми политички партии откако Ковачевски ја презеде функцијата во јануари

Според сознанијата, средбата е закажана за во 15 часот, а таа е на барање на Ковачевски. Се дознава и тоа дека лидерската средба, на која ќе има конкретна тема – францускиот предлог за отпочнување преговори на Македонија за членство во Европската унија.

До средбата доаѓа откако вечерва се одржа голем сенароден собир, на кој околу 50.000 граѓани кажаа „не“ за францускиот предлог, а откако претходно Ковачевски уверуваше дека во предлогот не се загрозени македонскиот јазик и идентитет.

Претходно, во 12 часот, ќе се одржи седница на Советот за безбедност.

Претходна вестПретпладне сончево и топло, попладне нестабилно
Следна вестТринаесет лица повредени во сообраќајка на Валандовски рид